„БРАКО“ склучи петгодишен договор за производство на медицински помагала

Bez autora
Mar 18 2010

Пациентите во Америка, Јапонија и Европа ќе користат македонски медицински помагала. Благодарение на зделката која велешката компанија Брако ја направи со шведско - норвешката групација „Хенди Кеар“ и „Ро Медик“, овие производи набргу ќе стана дел од најмодерните болници на три континенти. Брако го презема целиот дизајн и производство на медицинска опрема од брендот на оваа реномирана светска компанија. Квалитетот, брзата испорака и пред се цената, била пресудна за скандинавците, во конкуренција на фирми од целиот свет, да го изберат токму македонскиот производител. За да можете да успеете во тоа, јас вака сликовито би го нарекол, морате да понудите производи кои што ќе имаат приближно кинески цени ама со европски квалитет. Нормално нашата предност е што можеме флексибилно и брзо да извршиме испорака до било која точка во Европа.

„БРАКО“ склучи петгодишен договор за производство на медицински помагалаПациентите во Америка, Јапонија и Европа ќе користат македонски медицински помагала. Благодарение на зделката која велешката компанија Брако ја направи со шведско - норвешката групација „Хенди Кеар“ и „Ро Медик“, овие производи набргу ќе стана дел од најмодерните болници на три континенти.

Брако го презема целиот дизајн и производство на медицинска опрема од брендот на оваа реномирана светска компанија. Квалитетот, брзата испорака и пред се цената, била пресудна за скандинавците, во конкуренција на фирми од целиот свет, да го изберат токму македонскиот производител.

„За да можете да успеете во тоа, јас вака сликовито би го нарекол, морате да понудите производи кои што ќе имаат приближно кинески цени ама со европски квалитет. Нормално нашата предност е што можеме флексибилно и брзо да извршиме испорака до било која точка во Европа“, вели Кочо Анѓушев, извршен директор на Брако - Велес.

Зделката е вредна близу 20 милиони евра. Металната индустрија Брако веќе неколку години е присутна на светскиот пазар. Нивни производи се дел и од машините на германски Фолксваген.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik